ВМРО-ДПМНЕ: Резултатот на владата на СДСМ во земјоделието е еднаков на нула

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на изјавите на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

„Резултатот на владата на СДС во земјоделието е еднаков на нула. Николовски ветува дека ќе биле извозно ориентиран, а констатирано беше дека извозот падна за еден месец за вртоглави 12 проценти или над 52 милиони евра.

СДС е партијата која не го реши и го мултиплицираше проблемот со овоштарите и производителите на праски.

Која ги натера производителите на лубеници да го фрлаат во отпад плодот на својата работа?

Која вети помош и не исплати за штетите од невремето?

Која вети и не ги зголеми субвенциите?

Кога не реши ниту еден проблем во земјоделието, сега е сосема јасно дека ги извиси и лозарите.

Проблемите СДС не ги решава туку ги става под тепих.

Николовски откако стана министер, единствено што стори е креирање на хаосот во земјоделието.

Поради целосната негрижа на Заев и Николовски, земјоделците на 15-ти октомври на локалните избор ќе го казнат Заев и СДС и целосно ќе го избришат од политичката јавност“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија