(ВИДЕО) Србов: По најавената измена на законот за енергетика ќе престои дополнително осиромашување на македонските граѓани

Од:

Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека СДСМ продолжува да ги манипулира граѓаните на Македонија, а последна во низата манипулации била најавената измена на законот за енергетика, односно користењето на терминот „либерализација“.

– Логично, кога станува збор за либерализација на пазарот се очекува пад на цените. Но во конкретниов случај, граѓаните ќе се соочат со цени повисоки и до 50% од моменталните по спроведувањето на најавените измени. Можеби ова ви звучи нелогично, но ова го говорат фактите и искуството од истата политика спроведена во земјите од Европската Унија. Неодамна, излезе студија напишана од тим научници од Факултетот за менаџмент и општествени науки на Универзитетот во Твенте, Холандија. Во истата е содржана компаративна анализа за ефектите од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Анализата покажува дека во земјите каде била спроведена ваквата либерализација дошло до покачување на цената на електричната енергија до 60%! Самите автори на студијата нотирале дека според економската логика морало да дојде до пад на цената на електричната енергија, но се случило токму спротивното, рече Србов.

Тој додаде дека во Белгија, по една година, цената пораснала за 22,1%, во Грција, по две години, цената пораснала за дури 59%, во Ирска, по три години од либерализацијата, цената пораснала за 30%, во Холандија за 36%, додека во Шпанија цената на електричната енергија пораснала за 37%!

– Моментално, во Република Македонија цената за киловат-час електрична енергија изнесува 5 денари, додека за истото количество електрична енергија жителите на Европската Унија плаќаат 12,5 денари. Најавената либерализација ќе го стимулира растот на цената не електрична енергија во Република Македонија, а во меѓувреме, жителите на ЕУ, и покрај високиот стандард, плаќаат висока цена која претставува товар за семејниот буџет. Доколку до сега сте плаќале 3.000 денари за струја, од сега ќе плаќате 5.000 денари за струја! Со што, да, Заев не доближува до ЕУ, но не доближува со високите цени кои за македонските граѓани ќе преставуваат голем товар бидејќи стандардот останува ист, рече Србов.

Тој рече дека имајќи го ова во предвид, по најавената измена на законот за енергетика ќе престои дополнително осиромашување на македонските граѓани.

– Се поставува прашањето, дали ќе гледаме уште еден бонбона бизнис со продажба на ЕЛЕМ? Дали на истиот начин, како што беше продадена ЕСМ, сега ќе се продава ЕЛЕМ кој е всушност најголемиот капиталец во државна сопственост со најмногу вработени? Логично, и легитимно, е прашањето: кој ќе има бенефит од измените на овој закон? Според начинот на функционирање на пазарите за електрична енергија кои се веќе либерализирани, очекувано е најголем бенефит од ова да имаат мали фирми со по двајца вработени кои ќе книжат огромни суми на средства и сето тоа на грбот на граѓаните кои ќе плаќаат и до 60% повисоки сметки за струја. Притоа, очекувано е и отпуштање на стотици работници од државните фирми, смета Србов.

Тој рече дека СДСМ најавиле живот и враќање на парите кај граѓаните, најавиле помали трошоци за живот и повисоки плати, а после 100 дена влада дошол животот но заминале инвестициите, поскапеле трошоците, граѓаните осиромашеле, а со животот дошле и бомбона бизнисте.

– На 15-ти октомври, граѓаните ќе се изјаснат дали се за живот на неколкумина бизнис партнери на Заев, или се за живот за сите граѓани во Република Македонија, рече Србов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија