Македонскиот тенисер Стефан Мицов го загуби мечот од второто коло на фјучрсот во Нови Сад. Тој по три часа и 19 минути е поразен од Даниел Апелгрин од Шведска со 2-1 во сетови 7:5; 6:7 (5:7) и 6:3.
Нашиот тенисер добро го почна мечот и имаше водство од 5:2 во гемови, но му дозволи на противникот серија од пет гема и водство од 1-0 во сетови. Вториот сет Мицов го доби во тај брекот, а во решавачкиот сет Апелгрин поведе со 5:0 во гемови што беше решавачко за триумфот.
Мицов за пласманот во второто коло на овој фјучрс ќе добие еден поен.