Планинари од Делчево и Софија се искачија на Илов врв за Денот на независноста

Од:

Двесетина планинари од планинарското спортско друштво „Голак“ од Делчево и планинари од Софија соседна Бугарија по прв пат организирано го искачија врвот на Малешевските Планини, Илов врв, познат како Џама Тепе висок 1803 метри.

Како што истакна на денешната прес-конференција Љупчо Чучуковски, претседател од ПСД „Голак“ од Делчево, планинарската маршрута била организирана по повод Денот на независноста – 8 Септември и Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември.

– Традиционално, ние на планинарскиот марш по повод Денот на независноста на Македонија го искачувавме највисокиот врв во Македонија, Кораб, но оваа година одлучивме нашата цел да биде Илов врв, бидејќи сакаме да ги промовираме Малешевските Планини како одлична дестинација за планинарење, малку позната меѓу планинарите од земјава. Планината, која меѓу луѓето е позната и како мала Швајцарија, е идеална за овој спорт и заслужува да биде цел на сите планинари, истакна Чучуковски.

Тој додаде дека планинарите поминале 16 километри во двата правца, од почетната точка, туристичката населба Равна Река на 1.100 метри надморска височина, па сѐ до крајната цел Илов Врв за 6 часа.

Би можело да ве интересира

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска