(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе трпат загуби од либерализацијата на пазарот за електрична енергија

Од:

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека цената на електричната енергија ќе порасне со најавената либерализација на пазарот на електрична енергија, што ја предвидува владата со новиот закон за енергетика.

– Буџетот на граѓаните ќе трпи и нема да постои некој што нема да ги почуствува последиците и од оваа реформа на Зоран Заев. Според информациите кои дојдоа до јавноста новиот закон за енергетика ќе предизвика низа на покачувања на електричната енергија во наредниот период. А воведувањето на таканаречената евтина тарифа во само два часа во денот во период кој не е адекватен е само прикривање на големото покачување кое ќе следи во периодот по либерализацијата, рече Арсовски.

Тој рече дека од либерализацијата на пазарот на електрична енергија бенефит нема да имале граѓаните, туку сопствениците на фирмите за трговија со енергија кои се наоѓале во владата на Заев.

– Граѓаните ќе трпат загуби, а СДС тоа добро го знае, и не само што не превзема ништо да го спречи, туку ја создава таквата ситуација. СДС повторно по кој знае кој пат ги лаже граѓаните. СДС повторно се обидува да профитира на грбот на граѓаните. Пресметката покажува, доколку дојде до целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, тогаш граѓаните ќе плаќаат и до 20 отсто повисока струја. На граѓаните да им биде појасно, треба да знаат дека просекот на цената на електрична енергија во Република Македонија во последните три години е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ. Граѓаните со моменталната цена плаќаат по 5 денари киловат час електрична енергија, додека граѓаните на Европската Унијата плаќаат околу 12,5 денари за киловат час. Разликата е евидентна. Ваквото покачување на електричната енергија ќе значи удар по џебот на граѓаните, поголеми сметки и нивно целосно осиромашување, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања