(ВИДЕО) Делев: СДСМ се води според максимата „После нас потоп“

Од:

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека поминале 100 дена блокирање проекти, стопирања, економско уназадување, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези.

– Поминаа 100 дена од нова атиреформска влада и тие 100 дена се промашени денови за македонските граѓани, за македонската економија и македонското стопанство. Помина и безличната пресконфернција на Зоран Заев за овие 100 дена во која не кажа никаков реализиран проект, конкретни резултати, бројки и статистики. А кој резултат да го прикажат кога во најважната сфера како економијата предизвикаа катаклизма. После долго време индустриското производство бележи пад од 2,2 %. Ова ја покажува целата нивна безидејност, немање концепт и неспособност. Падот во индустријата може да предизвика негативни импликации на извозот, вработеноста, бруто домашниот производ, рече Делев.

Тој додаде дека наместо просечна плата од 500 евра, СДСМ успеале да ја намалат просечната плата за 0,7 отсто и запраша ако вака почнале за три месеци со негативни резултати како оваа, како што кажа тој, неодговорност ќе заврши по македонското стопанство и стандардот на граѓаните.

– Обидот на СДС да го покрие својот неуспех со популистички мерки како субвенционирање на минималната плата, само може да предизвика уште поголеми штети. Да покриваш минимална плата со пари на граѓаните не е долготраен и издржан концепт, бидејќи откако ќе помине предвидениот рок од 9 месеци работите ќе станат уште полоши, работодавците ќе почнат да отпуштаат работници, да намалуваат плати или да им бараат дел од платата работниците да го вратат назад. Тоа е класично сеење на магла сега пред локалните избори кое има за цел да ги корумпира гласачи, кое ќе има краток век, но со страшни буџетски импликации и негативно влијание врз целокупната економија во Македонија, рече Делев.

Според него, погрешните политики на СДСМ во економијата може да предизвикаат премногу сериозни и далекусежни последици кои потоа ќе бидат потребни години да се поправат.

– Наместо намалување на даноците и обезбедување на подобри услови во стопатсвото СДС најавува покачување на даночните стапки. Тоа веќе почнува да ги одвраќа 60-тина потенцијални инвеститори, а за жал слушаме дека и постоечки 3 странски инвестиции планираат да ги отселат своите погони од Македонија и на улица да остават илјадници работници. Стравуваме дека заради неодговорноста на СДС лесно може да се повторат несреќните слики од деведесетите кога секојдневие беше затворање на фабрики, а близу 200 000 работници ги изгубија своите работни места. Несериозниот пристап не се однесува само кон странските инвеститори. И домашните компании и бизнисмени се засегнати од тоа. Наместо најавените 140 милиони евра помош кои СДС ги најавуваше во кампањата, гледаме дека се планира покачување на сите давачки кон државата, што ќе резултира со клуч на многу фирми, ако тоа претходно не го направи УЈП на послушникот Лукаревска, рече Делев.

Тој рече дека концептот на СДСМ во економијата е поразителен и дека се воделе од максимата после нас потоп. Како што кажа Делев, секоја недела езмилосно се задолжуваат со аукции на државни хартии од вредностм а згора на се се потрошиле и 170 милиони евра од девизните резерви.

-Ова ќе предизвика дисторзија на макроекономијата, но уште полошо ќе влијае на кредитниот рејтинг на државата, а лесно може да се загрози долгогодишниот стабилен курс на денарот. Граѓаните се уверија дека СДС едно говори во кампања, сосема друго прави на власт. Граѓаните видоа дека СДС нема никаков капацитет да ја води економската политика. Целото лицемерие на СДС, но и неспособност создаваат оправдан страв, и кај граѓаните, и кај стопанствениците, но и кај работниците, и кај работодавачите, дека Македонија оди во погрешен правец, рече Делев.

Тој рече дека оваа погрешна и катастрофална поликата може и мора да се прекине, а тоа ќе се случи сега на престојните локални избори, кога граѓаните ќе ја казнеле оваа неспособна и антиреформска власт на СДСМ.

– Тие со катастрофалниот пораз, кој ќе им го испорачаат на локалните избори, ќе ја отворат вратата за предвремени избори. Локалните избори ќе го најават заминувањето на оваа ненародна власт која само за три месеци ја покажа целата своја негрижа, неспособност и неодговорност кон државата и кон сопствените граѓани, рече Делев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања