Оние кои се во брак или во љубовна врска постојано ги мачи едно прашање – како да ги задржат страста и добриот однос со партнерот? Ники Пенигтон е со својот сопруг веќе 13 години, од кои 11 се во брак.
– …Секогаш се смеам кога ќе ме прашаат тоа. Ги знам оние одговори како „Не одете в кревет лути” или „Секогаш му велам дека го сакам кога излегува”. Знаете ли колкупати мојот сопруг преспа на каучот пред да имаме деца, затоа што сме биле лути? Знаете ли колкупати излегол од дома без да ми рече ’те сакам‘, едноставно поради децата и животот… Сите принципи ги прекршивме. Тајната на долготрајниот брак, е дека нема никакви тајни. Стануваш и, повторно и повторно се обидуваш. И, така секој ден…, напиша Ники на Фејсбук.
Нема јасно дефинирани правила и шаблони за константно хармоничен однос. Луѓето постојано се менуваат.
Нејзината објава имаше десетици споделувања.