Во Бангладеш и Непал жителите страдаат од маларија, дијареја и денга-треска

Од:

Откако во Непал и Бангладеш се повлече водата, по најголемите поплави во последната деценија, жителите се заболени од дијареја, маларија и денга-треска.

Повеќе од 1.400 лица загинаа во поплавите што го зафатија јужниот дел на Азија во изминатите два месеци, а десетици илјади лица сега живеат во шатори, училишта, па дури и под некоја стреа.

– На овие луѓе им е потребна нашата помош и правиме се за да ги задоволиме нивните потреби, изјави заменик-директорот на Меѓународниот сојуз на Црвен крст во азиско-пацифичкиот регион, Мартин Фолер.

Околу 13.000 лица се заболени од дијареа и респираторни инфекции во Бангладеш, по поплавите што го зафатија северниот дел од земјата, каде реките Брамапутра и Џамуна се излија од нивните корита.

– Болестите како што се дијарејата, маларијата и данга-треската се во пораст во некои области и потребна ни е поддршка со цел да спречиме нови смртни случаи, наведе Можарул Хук, генералниот секретар на Здружението на Црвен крст во Бангадеш.

Во Непал се регистрирани 26.944 заболени лица, додека 39.712 лица се лекувани во здравствените кампови кон крајот на август.

Меѓутоа, се уште не е пријавена епидемија, но се следи ситуацијата во областите што беа погодени од поплавите.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа