(ВИДЕО) Цуклев: Владата денес се задолжи за нови 300 милиони денари, дали овие пари се за корумпирање на гласачи?

Од:

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција кажа дека новата владата повторно се задолжила преку аукција на државни хартии од вредност со нови 1,7 милијарди денари или над 27 милиони евра. Како што кажа тој од нив околу 300 милиони денари се нов долг бидејќи толку е разликата од реализираната аукција и доспеаниот долг.

– Иако Тевдовски од опозиција се залагаше за намалување на долгот, ова е 8 ма аукција која ја организира откако стана министер а до крај на година планира уште 8 задолжувања. Тоа е успехот на СДС, својата неспособност да ја покрива со нов товар врз грбот на граѓаните. Иако СДС и нивните контролирани медиуми аукциите ги сметаа за расипништво, сега гледаме дека прават вакво расипништво секоја недела. Расипничката влада на СДС за три месеци потроши околу 350 милиони евра што по основ на аукции, што по основ на топење на 126 милиони евра девизните резерви. Народот не виде ни евро од овие пари. Безмилосното задолжување на СДС не донесе ниту нови градинки, ниту нови училишта, ниту нови болници, ниту нови патишта, рече Цуклев.

Тој запраша каде отидоа парите и дали овие пари освен за плаќање на хонорари на, како што кажа, шарените револуционери, кумашинци, твитерџии или за лукзузурање се планирани и за корумпирање на гласачите?

– Логично е ова стравување, бидејќи антиреформската влада на СДС со погрешните политики и антидржавните потези доволно направи да го сруши својот углед, па сега мора згора на се да се задолжува за да се вади непосредно пред изборите. Тоа нема да им помине. Граѓаните само за три месеци ја видоа целата нивна неспособност, негрижа и незнаење и свесни се дека ако вака продолжи СДС да работи прашање на време е кога ќе ни се случи грчко сценарио, економска катаклизма и распад во стопанството, заврши Цуклев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања