Извозот во периодот јануари – јули 2017 година бележи раст од 11,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, вредноста на извозот изнесува 3.045.862.000 долари. Увозот, пак, забележал раст од 8 отсто, а вредноста на увезената стока изнесува 4.133.355.000 долари.
Трговскиот дефицит, во овој период 1.087.493.000 долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2017, изнесува 73,5 отсто.
Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јули 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.