Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека на 1 септември 2017 година се исплатени надоместоците од правата од социјалната заштита за месец јули.
Како што соопштија од МТСП, извршена е исплата на социјалната парична помош, паричниот надоместок за помош и нега од друго лице и субвенциите за електрична енергија за јули 2017 година.