Јунакот на репрезентацијата на Украина во нејзиниот дебитантски настап на Европското првенство, Андреј Шевченко, кој со два гола донесе комплетен пресврт и победа против Шведска, имаше сообраќајка истата вечер, кога влезе во историјата на украинскиот фудбал.
Според локалните медиуми, во автомобилот бил Шевченко со својата бремена сопруга.
Поршето на Шевченко е оштетено, но и тој и неговата сопруга се без повреди.