Традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб ќе се одржи денеска во организација на ЗПК Кораб, кој на врвот ќе го постави знамето на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.
Од Здружението информираат дека ја продолжуваат традицијата на учество во искачувањето на Голем Кораб, кое се одржува по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Поставувањето на знамето на Кораб, според Здружението, е симболична активност која се одржува за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести и нивните семејства во секојдневниот живот.