Хамилтон прв на стартот на италијанското Гранд при

Од:

Британецот Луис Хамилтон ќе започне од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Италија.

Откако поради дожд квалификациите на патеката Монца беа во прекин повеќе од два часа, Британецот во продолжението оствари најдобар резултат, со што се избори за пол-позицијата, вкупно 69-та во кариерата, со што го мина легендарниот Михаел Шумахер.

Веднаш зад Хамилтон, квалификациите ги завршија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, но бидејќи и двајцата ги менуваа моторите на своите болиди, ќе бидат казнети, па од втората позиција ќе стартува Ленс Строл од Вилијамс.

Од вториот ред трката ќе ја започнат Естебан Окон од Форс Индија и Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел, ќе бидат во третиот ред на домашната патека.

Во пресрет на оваа трка лидер во Генералниот пласман е Фетел со 220 бодови, само седум повеќе од Хамилтон, а по нив следуваат Валтери Ботас (Мерцедес) 179, Дание Рикардо (Ред Бул) 132 и Кими Раиконен (Ферари) 128 бода.

Стартот на утрешната трка за италијанскот Гранд при е закажан за 14 часот.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур