Зошто по раскинувањето на врската сме попривлечни за поранешното момче?

Од:

Откако ве загубил, ве сака повторно и тоа повеќе од било кога! Ако до сега сте мислеле дека е само клише или утешна приказна, некои девојки по раскинувањето на врската едноставно процветуваат, мораме да ве израдуваме дека тоа е всушност вистина!

Ако ја прекинете врската со момче кое ве задушувало, одеднаш изгледате подобро од било кога. Како е тоа можно? „Сјајот по прекин на врската” е нешто што го следи секое раскинување – верувале или не!

Може да биде физичка или психичка промена, но главно е позитивна. Токму тоа кај поранешниот партнер предизвикува љубомора или повторно ве сака назад. Вашата нова личност многу повеќе му се допаѓа!

Звучи добро, зарем не?

Во последно време девојките на социјалните мрежи почнаа да пишуваат за т.н. „post-fuckboy-glow“. Меѓу другото, се јавија и полемики за изгледот на Анџелина Џоли, по разводот со Бред Пит. Голем број корисници на социјалните мрежи коментираа дека глумицата изгледа многу подобро и посвежо сега, отколку додека била во брак.

Ако на Инстаграм запишете #post-fuckboy-glow, ќе ви даде фотографии на насмеани и згодни девојки кои својот добар изглед го објаснуваат токму со прекинот на врската со „токсичен“ партнер.

Но, ова никако не значи дека најпривлечни се тие девојки кои ја прекинале врската. Всушност, сјајот по прекин на врската е можен само по врска која ви донела повеќе штета од корист.

Ако подобро размислите, кога ќе се отргнете од нешто што ве задушло, поради што не сте можеле да бидете среќни и не сте можеле да напредувате, секако дека ќе блескате во полн сјај.

За жал, многу девојки поради своите чувства и поради навиките не се во состојба на време да ја прекинат лошата врска и да го отргнат „токсичниот“ партнер од себе, па го чекаат последниот момент тоа да го направат и да си обезбедат светла иднина.

Токму кај таквите девојки напредокот по лошата врска најмногу се гледа. Очевидно е дека врските не се натпревар во тоа кој подобро ќе изгледа, но не можеме а да не се воодушевиме ако некоја девојка ќе успее да затвори една врата и да си отвори нови прилики кои ќе ја донесат до „вистинскиот“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ