Катар ги обнови дипломатските односи со Иран

Од:

Катар ги обнови своите дипломатски односи со Иран и покрај силниот притисок од други четири арапски држави, кои бараат од властите во Доха да ги прекинат сите врски со Исламската Република.

Катарската влада во 2016 година го отповика својот амбасадор од Техеран, откако во Иран беа нападнати саудиските дипломатски мисии, како реакција на егзекуцијата на еден истакнат шиитски верски водач во Саудиска Арабија.

Доха сега сака зацврстување на билатералните односи со Техеран на, како што е речено, „сите полиња“.

Иран веќе му помага на Катар полесно да се справи со трговските и патните ограничувања кои во јуни годинава ги воведоа катарските моќни соседи – Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

Овие арапски, доминантно сунитски држави, го обвинуваат Катар за поддршка на разни терористички групи во регионот, како и за тоа дека е премногу близок со шиитски Иран.

Во соопштението на катарската влада не се наведува кога амбасадорот на Катар ќе се врати во Техеран, освен што се открива дека одлуката за обнива на односите меѓу Доха и Техеран била соопштена веднаш по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете соседни земји.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он