Фотографии кои се наоѓаат на Твитеркалендарот 2013 до 28 декември се продаваат на изложба во кафуле во Скопје, а собраните средства ќе се искористат за купување новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства.
Календарот беше доделен како донација на Здружението за борба против рак на дојка „Борка“, кое ќе го користи за промоција на своите активности.
Календарот е резултат на спонтана соработка иницирана од рубриката за култура Букбокс на порталот off.net на 12 девојки, двајца фотографи (Владимир Тасевски и Димитар Петровски) и еден дизајнер (Гордана Војнеска), членови на Твитер заедницата, кои го вложија своето време, енергија и знаење во изработка на хуманитарен дигитален календар. Девојките не се професионални манекенки.
Календарот може бесплатно да се симне од сајтот на „Борка“ (www.borka.оrg.mk), како и од партнерски сајтови – пријатели на акцијата, во форма на компјутерски позадини.