Пет реванш натпревари од баражот од Лигата на шампионите ќе се одиграат денеска по што ќе бидат познати првите пет екипи, кои ќе обезбедат место во групната фаза.
Првиот дуел се игра со почеток во 17:30 часот, а Селтик е пред промоција бидејќи на првиот натпревар дома победи со 5:0 против Астана.
Италијанскиот претставник Наполи има убава предност од 2:0 против Ница на гости, додека на другите три натпревари се очекува неизвесност од причина што дуелите завршија со резултат 2:1, а само Севиља е во предност, бидејќи реваншот го игра на домашен терен.
Почетокот на овие средби е во 20:45 часот.
Двојките за денеска се:
Астана – Селтик (0:5 прв натпревар),
Риека – Олимпијакос (1:2),
Севиља – Бешикшехир (2:1),
Марибор – Хапоел (1:2) и
Ница – Наполи (0:2).
Утре се играа дуелите:
Славија Парга – АПОЕЛ (0:2),
СБ – Спортинг (0:0),
ЦСКА Москва – Јанг Бојс (1:0),
Копенхаген – Карабах (0:1) и
Ливерпул – Хофенхајм (2:1).
Победниците од дуелите ќе играат во групите од Лигата на шампионите, а извлекувањето ќе се одржи во четврток.