На светското првенство за ветерани во пливање, шпанецот Фернандо Алварез дојде како еден од фаворитите за медал, меѓутоа се реши да се откаже од тоа, со што ги собра симпатиите на сите.
Алварез инсистирал, но организаторите не дозволиле да се даде почит со минута молк за загинатите во терористичкиот напад во Барселона.
Тој, сепак решил да ги земе работите во неговите раце, па по означениот старт откако сите скокнаа во базенот и ја започнаа трката, Алварез остана на стои изразувајќи почит кон жртвите.
Откако помина минутата, тој скокна и почна со пливање, но организаторите не му го признаа времето.