Центарот за рехабилитација за бездомни животни, во истанбулскиот кварт Бејликѓузју, има нов метод за да ги смират бездомниците.
Тие почнаа на таму сместените кучиња и мачки да им пуштаат класична музика, за да им го намалат стресот, соопштува „Хуриет“.
Најмалку 950 кучиња и 70 мачки секојдневно слушаат класична музика помеѓу 08.00 и 17.00 часот, во рамките на проектот, посочува Ертугрул Тунчел, шеф на ветинарната служба во општината. Според него, тоа го намалува стресот на животните.
Идејата била предложена од музички педагог од Универзитетот Мармара Мелиса Челти. За оваа цел е составена листа од 27 дела на познати композитори, меѓу кои дела на Моцарт, Вивалди, Бетовен, а исто така и на турскиот композитор од 20 век Аднан Сајгун.