Шумските пожари во Португалија, од почетокот на годинава досега, опустошиле 141.000 хектари вегетација, што е за три пати повеќе од просекот во последната деценија, соопшти португалската Служба за граѓанска заштита.
Оваа година Португалија преживеа невидени горештини и суша, во комбинација со интензивен ветер, посочи Службата, повикувајќи се на податоците од Институтот за заштита на природата и шумите.
Од почетокот на јануари до средината на август пожарникарите учествувале во гаснењето на над 10.000 пожари. Во истиот период минатата година во земјата избиле 7.500 пожари.
Португалската судска полиција сопшти синоќа дека досега се задржани 61 лице, осомничени за подметнување на пожар.