Над 200 луѓе загинаа во поплавите во Непал, Индија и Бангладеш

Од:

Повеќе од 200 лица загинаа во последните денови во поплавите и свлечишта во Непал, Индија и во Бангладеш, соопштија денеска властите на тие земји.

Најпогоден од поројните дождови во сезоната на монсуните е Непал, каде во последните денови загинаа 91 лице, а илјадници куќи се разурнати, голем број луѓе се принудени да ги напуштат домовите, а угина и многу животни. Во поплавите повредени се 25 лица, а 38 се водат како исчезнати.

Индиските власти денеска соопштија дека во поплавите загинале 81 лице, првенствено во источните и североисточните индиски држави.

Бангладешката Служба за справување со несреќи и катастрофи информира дека во поплавите загинаа 29 луѓе, а 1,5 милиони лица се раселени.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски