Силна експлозија одекна вчера во еден од станбените објекти во туристичкиот центар на Лисабон. Повредени се најмалку пет лица, а меѓу нив државјани на Германија и Франција.
Инцидентот се случи во Алфама – најстариот историски регион во португалската престолнина, привлекува голем број туристи.
Експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас во приватен стан, најмен од германско семејство. Полесни повреди добиле и двајца Французи, кои минувале под прозорецот за време на експлозијата.
Сите станари се евакуирани, откако огнот ја зафати целата зграда.