Бугарските пливачи доминантни на Олимпискиот маратон на Охридското Езеро

Од:

Бугарскиот пливач Венцислав Ајдарски е победник на првото издание на Олимпискиот маратон што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

На Ајдарски му беа потребни 1:54:42 часа за да ја исплива патеката долга десет километри само една секунда побрзо отколку второпласираниот Марсел Шутен од Холандија.

Трет целната линија ја мина нашиот маратонец Александар Илиески, кој ќе плива и на големиот 30-километарки маратон што наредната седмица е закажан за Охридското Езеро.

Најбрза во женска конкуренција беше 14-годишната бугарка Василики Кадоглу која патеката ја исплива за 2:20:37 часа.

Интенција на организаторот на маратонот – Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008” е овој маратон да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА, во рамки на квалификациските трки за олимписки пласман.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески