Шпанскиот крал повика на единство против кризата

Од:

Шпанскиот крал Хуан Карлос денеска ги повика Шпанците, во рамките на традиционалното обраќање за Бадник, да останат обединети во борбата против економската криза, еден месец откако на изборите во Каталонија победи сепаратистичка партија.

Кралот Хуан (74) нагласи дека Шпанија преживува една од најдлабоките кризи во својата модерна историја, чиј интензитет и истрајност никој не можеше да ги замисли.

Шпанските граѓани, особено младите, се несигурни и обесхрабрени поради лошата финансиска состојба, невработеноста и неизвесната иднина, изјави кралот на крајот од годината, која ја одбележаа масовни улични протести и два генерални штрајка.

Хуан Карлос истакна дека мерките за штедење и економскиот раст треба да бидат во согласност со жртвите кои денес се поднесуваат поради подобра иднина, како и дека главна мотивација за тоа треба да биде довербата и враќање на политиката што го обединува сите делови за здружување на силите, а не за ниво разделување.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата