Со одигрувањето на реванш натпреварите од третото квалификациско коло, познати се 15-те екипи кои обезбедија пласман во плејофот на елитната фудбалска Лига на шампиони.
Во дербито од оваа рунда, францускиот претставник Ница го елиминира холандски Ајакс. Македонскиот првак Вардар не успеа да направи подвиг, па Копенхаген ќе игра во плејофот, во кој место обезбеди и Риека. за која играат накедонските репрезентативци Ристовски и Жута.
Комплетни резултати:
АПОЕЛ – Виторул 4-0 по продолженија (0-1 прв натпревар), БАТЕ Борисов – Славија Прага 2-1 (0-1), ЦСКА Москва – АЕК Атина 1-0 (2-0), Басакшехир – Бриж 2-0 (3-3), Копенхаген – Вардар 4-1 (0-1), Плзен – Стеауа Букурешт 1-4 (2-2), Јанг бојс – Динамо Киев 2-0 (1-3), Хафнарфјордур – Марибор 0-1 (0-1), Лудогорец – Хапоел Бер Шева 3-1 (0-2), Ајакс – Ница 2-2 (1-1), Легија – Астана 1-0 (1-3), Олимпијакос – Партизан 2-2 (3-1), Риека – Салцбург 0-0 (1-1), Розенборг – Селтик 0-1 (0-0).
Ждрепката за последната квалификациска рунда пред групната фаза ќе биде извршена утре, а првите натпревари од плејофот ќе се играат на 15 и 16 август, дедека реванш дуелите се седум ден подоцна (22 и 23 август).