Католичките верници слават Бадник и Божиќ

Од:

Римокатоличката црква и сите христијански цркви кои времето го сметаат според Грегоријанскиот календар вечерва слават Бадник, пред Божиќ, празникот на раѓањето на Исус Христос.

Бадникова вечера, а од полноќ и Божиќ, одбележуваат истовремено сите православни цркви кои го имаат прифатено новото сметање на времето, додека Македонската, Руската и Српската православна Црква, Ерусалимската Патријаршија и Света Гора овој празник го прославуваат според Јулијанскиот календар, 13 дена подоцна.

Според преданието Исус Христос е роден 25 декември во пештера во Витлеем, па тој датум, со разлика во календарите, се почитува низ целиот христијански свет.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска