Ватерполистите на Хрватска синоќа обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта, откако во последното четвртфинале ја совладаа Италија со 12:9.
Нивни противник во полуфиналето, кое се игра в четврток, ќе биде селекцијата на светскиот првак Србија, која оствари убедлива победа од 15:5 над Австралија.
Во второто полуфинале ќе играат: Грција и домаќинот Унгарија. Грција ја победи Црна Гора со 12:7, а Унгарија беше подобра од Русија со 14:5.
Вечерва се играат полуфиналните дуели кај жените: Русија и САД и Канада – Шпанија.