Во присуство на голем број шахисти и вљубеници во оваа игра, во Домот на културата во Општина Илинден, беше промовирана книгата „Димитар Илиевски-легенда на македонскиот шах“, на авторите Ненад Батковски, Димитар Илиевски и Љубомир Хаџи-Манев.
За значењето на ова дело посветено на легендата на македонскиот шах, Димче Илиевски, зборуваше шаховскиот велемајстор Влатко Богдановски, а се обратија и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кои дадоа поддршка на издавањето на оваа книга. Во име на авторите говореа Ненад Батковски, како и „главниот виновник“ за ова дело, Димитар Илиевски.
Промоцијата се одржа во рамките на шаховскиот турнир, кој е дел од Спортскиот викенд „Илинден 2017“ што се одржува по повод патрониот празник на Општината и националниот празник на македонскиот народ Илинден – 2. Август.