Стојановски четврти во второто олимписко финале

Од:

Македонскиот пливач Андреј Стојановски го прoдолжува својот успешен настап на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција. За два дена Стојановски настапи во две финалиња, а во второто стигна до четвртото место.

Откако на 400 метри слободно во финалната трка заврши како петтопласиран, во финалето на 400 метри мешано Стојановски го освои 4. место пливајќи со време од 4:51.32 минути што сепак не беше доволно да се искачи на пиедесталот.

Последниот настап на Олимписките игри за глуви Андреј Стојановски ќе го има на 24 јули во трката на 1.500 метри слободно.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска