Кувајт му нареди на иранскиот амбасадор да ја напушти државата во рок од 48 часа.
– Кувајтските власти побараа Алиреза Енајати, ирански амбасадор во Кувајт да ја напушти државата во рок од 48 часа, јавија локални медиуми.
Претходно во текот на денот, кувајтските власти побараа иранската Амбасада да го намали персоналот од 19 на четири лица како и затворање на културните и воени мисии.