Трамп ги повика републиканците до август да го усвојат новиот закон за здравствена заштита

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги повика републиканските сенатори да ги надминат своите разлики и да го усвојат законот за здравствена заштита пред, во август, да го напуштат Вашингтон за летните одмори.

– Толку сме блиску, им порача Трамп на републиканските сенатори кои го собра на ручек, еден ден откако обидот на оваа партија да го измени законот, што беше усвоен за време мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, пропадна во американскиот Сенат.

Трамп додаде дека републиканците им ветиле на Американците дека ќе го укинат и заменат законот за здравствена заштита, што за администрацијата на Обама седум години беше најважниот закон, и дека сега е време за акција, пренесоа британските медиуми.

„Гласот на Америка“ претходно најави дека Трамп за пропаѓањето на најновите напори за усвојување на реформата на американскиот систем за здравствена заштита ги обвинува демократите и „неколкумина“ републиканци.

Републиканските сенаторки Шели Мор Капито, Сузан Колинс и Лиса Мурковски го најавија своето спротивставување на овој закон, додека сенаторот Роб Портман и други изразија сомнеж во новиот предлог закон.

Во понеделникот доцна вечерта уште двајца републикански сенатори одбија да го поддржат законот за здравствена заштита, што минатата недела го претстави лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел.

Сенаторите одделно објавија соопштенија, наведувајќи дека оваа мерка не оди доволно далеку во отповикување на постојниот закон, што се смета за големо достигнување на поранешниот претседател, Барак Обама, како и дека не прави доволно да ги намали се поголемите трошоци за здравствено осигурување.

Во разговор со новинарите во Белата куќа, претседателот Трамп го изрази разочарувањето од неуспехот на овој законски предлог.

– Ова е одличен план за многу луѓе, но немавме поддршка од демократите, а четворица републиканци од вкупно 52. кажаа ’не’. Како што ги гледам работите, во 2018 година ќе мораме да избереме некои нови лица. Мораме да обезбедиме да се изберат уште републиканци, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија