Какво ќе биде образложението на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски,кој. како што се дознава ќе го врати предлог-буџетот во Владата?
Најверојатно, дека услови Комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија да ги разгледаат своите амандмани и да се даде на пленарна седница.
Според најавите на министерот за финансии буџетот сепак ќе биде донесен, тоа значи дека Владата на итна седница ќе изготви предлог-буџет, со мали фризерски измени и ќе биде ставен на дневен ред веќе на утрешна нова пленарна седница.
Член 153 од Деловникот за работа на Собранието предвидел дека за секој амандман се води претрес и се гласа одделно. Предвидено е дека по разгледување на амандманите претседателите на двете комисии го потпишуваат записникот и се препраќаат во Владата која треба да изготви предлог-буџет. Во овој случај не се исполнети условите, ниту еден од условите , не се разгледани и гласани сите амандмани, и нема потпис од претседатело на Комисијата за финансирање и буџет бидејќи таа трае.
Инаку постои можност од времено финансирање, со кое не се кочи функционирањето на државата, се исплаќаат најнормално и платите и социјалната помош и пензиите.
Во република Македонија имаше еднаш ваков вид на финансирање, и буџетот се изгласа наредната година, со што се течеше според вообичаениот ред.
Проблемите и кочење на донесување на буџет не е нешто непознато кај нас. Кога се носеше буџетот за 2004, тогашната опозиција, слично на вчерашните сцени, со транспаренти и свирчиња се обиде да направи блокада на носењето на буџетот.Видеото е од прилог емитуван во декември 2003.година на тогашната А1 ТВ.