Според новите истражувања на Универзитетот во Квинсленд, веројатноста жената да го изневери својот сопруг е најголема во средината на нејзините 30-ти години.
Студијата која вклучила и следење сајтови за „вонбрачни врски“, открива дека најчесто жените тоа го прават или барем фантазираат за тоа, на 36,6 години.
Логиката е едноставна: девојките, во просек, се мажат на 29-годишна возраст; по шест или седум години семеен живот, страста кон партнерот опаѓа, па се јавува желбата за нешто ново, вон брачниот кревет.
Според експертите, ако мажите сакаат да „ги избегнат роговите“, треба целосно да и се посветат на својата сопруга, да ја опсипат со сето внимание и почит што и се потребни.
Друга причина за женското неверство се гените. Откриена е генетска мутација која некои жени ги прави повеќе склони кон секс со други мажи.
Како што се нагласува кај истражувањето, кај мажите работите стојат малку поинаку, отколку кај понежниот пол.