Научниците на прагот да го одложат процесот на стареење

Од:

Експерти од Универзитетот во Хонгконг открија формула која може да го одложи процесот на стареење кај глувците и се надеваат дека нивното откритие ќе може да се примени и врз луѓе, објавено е во декемвриското издание на списанието „Сел метаболизм“.

Хонконгшкиот тим, претходно, уште во 2005 година, утврди дека зад ретката генетска болест прогерија, која погодува едно од четири милиони деца, а се карактеризира со прерано стареење, се крие мутација на протеини под називот ламин А.

Ламин А го обложува нуклеусот на човечката клетка, а кога е мутиран оневозможува нејзина „поправка“ со што се забрзува стареењето.

Од друга страна, здрав и нормален ламин А се врзува за генот СИРТ1 и го активира, а овој ген експертите веќе долго го доведуваат во врска со долговечноста.

– Ние можеме да развиваме лекови кои го имитираат ламинот А или го зголемуваат негово привлекување кон генот СИРТ1, истакнува Љу Баохуа, професор од Хонгхошкиот универзитет.

Неговиот тим, меѓутоа, отишол подалеку, во обид да провери дали привлекувањето на ламинот А за генот СИРТ1 ќе биде уште поцврсто доколку бидат изложени на ресвератрол – соединение од лушпата на црното грозје и уште некое овошје, за кое некои експерти сметаат дека го забавува стареењето.

Тимот од Хонгконг утврди дека здравите глувци на кои им е даван концентриран ресвератрол, значително побавно старееле и биле поздрави отколку оние кои не го добивале.

Дури и глувците, заболени од прогерија живееле 30 отсто подолго кога добивале концентриран ресвератрол.

Хонгхоншкиот тим сепак не го препорачува црното вино како средство против стареење, прво затоа што во него има многу малку ресвератрол, а второ поради тоа што штетното дејство на алкохол го надминал евентуалниот корисен ефект на ресвератрол.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска