СДСМ: Не постои поштетно задолжување од она на ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот ги насочува парите кај граѓаните

Од:

СДСМ писмено реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11 годишното криминално владеење. ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошеше непродуктивно и за луксузирање и криминално богатење на поединци. Таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните, резултираше со јавен долг од над 50% од БДП, со околу 500 000 осиромашени граѓани и над 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.

Ребалансот на Буџетот е првиот чекор кон поправање на економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите назад кај граѓаните. Преку ребалансот се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за придвижување на економијата и севкупен економски раст.

Новата Влада предводена од СДСМ работи согласно интересите на граѓаните, а предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови што ги нуди домашниот пазар односно по пониски каматни стапки“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија