Кварц – Вашингтон
Психолозите штотуку почнаа да го откриваа концептот на „персоналноста“ за сите најважни, но сметани за небулозни, содржини за иодентитетот на индивудуата. Неодамнешни студии покажуваат дека особините на личноста не влијаат само на вашиот стил на живот, туку и на начинот на кој ја согледувате реалноста.
Едно истражување што беше објавено на почетокот на годинава оди дотаму што тврди дека отвореноста кон искуството го менува она што луѓето го гледаат во светот. Кај нив постои поголема веројатност да доживеат извесни визуелни перцепции.
Во ова истражување, научниците од Универзитетот во Мелбурн, Австралија, ангажирале 123 волонтери и им дале големи тест за персоналноста со пет точки, со кои се мерат екстроверзијата, способноста за согласност, свесноста, невротизмот, и отвореноста кон искуствата. Последната карактерна особина ја вклучува креативноста, имагинацијата, и вољата да се испробаат нови нешта.
Дел од тестираните го доживеале феноменот визуелна перцепција наречен „бинакуларно ривалство“ (ривалство на две очи). Овој феномен се појавува кога на секое око му се прикажува различна слика – во овој случај, црвена лепенка на едното, и зелена на другото око. Повеќето луѓе се префрлаат од едното на другото око и назад, заради двете неспоредливи слики, затоа што мозокот може истовремено да гледаат само едно.
Но, некои луѓе ги спојуваат двете слики во едена зелено-црвена лепенка. Учесниците во тесирањето кои освоиле највисоки бодови на отвореноста имаат повеќе шанси да ја видат оваа комбинирана (споена) слика.
Според истражувачите, ова има смисол затоа што отвореноста кон новите искуства е поврзана со креативноста. Во текст за резултатите на нивното истражување објавено во „Д Конверзејшнс“, тие пишуваат дека способноста да се комбинираат двете слики личи на „креативно решение на проблемот кој бил претставен од два неспоредливи стимуланси“.
Ана Антинори, главниот автор на студијата, објаснува дека ние постојано филтрираме на кои сензорни информации да се фокусираме. На пример, можеби добро потсвесно ја игнорирате бучавата околу вас, или како ја чувствувате фотењата додека сте потпрен на неа со грбот. И токму ова одредува за тоа што го согледуваме.
– Портата низ која доаѓа информацијата која ја допира свеста можеби има различни нивоа на флексибилност. Излегува дека отворените луѓе имаат пофлексибилна порта и примаат повеќе информации отколку просечната личност, вели таа.
Ова не е единственото истражување кое ја поврзува персоналноста со перцепцијата. Како што забележуваат авторите едно претходно истражување покажува дека оние кои имаат високи оценки за отвореност имаат помалку шанси на доживеат „ненамерно слепило“.
Овој визуелен феномен се појавува кога луѓето толку силно се фокусираат на една содржина од некој призор или настан што целосно не успеваат да забележат друго нешто кое е толку очигледно – како во видеово подолу. Речиси половина од луѓето се толку зафатени да гледаат што се одвива пред нив што го занемаруваат (не го гледаат) човекот облечен во костим на горило.
Иако научниците подвлекуваат дека рационалноста влијае на начинот на кои го филтрираме свесното искуство, не е точно јасно како овој процес функционира. Авторите шпекулираат дека преклопувањето на неурохемиските реакции во мозокот можеби ја поврзуваат перцепцијата со персоналноста.
– Оттука оваа обилност од неурохемиски реакции, или заради нивната недоволност, можат да влијаат на нечија персоналност и на ниската возуелност, додава Антинори.
Постојат и докакзи кои укажуваат дека персоналните особини не се фиксни. Едно истражување покажа дека медитацијата може да влијае на бинокуларното ривалство, а дека вежбањето може да ги направи луѓето поотворени на новите искуства. Има и едно истражување кое покажува дека псилоцибинот (главната состојка кај волшебните печурки) ги прави луѓето поотворени.
И иако истражувањата покажуваат дека персоналноста може да се менува со текот на времето, засега има малку истражувања за тоа дали перцепцијата исто се менува за да се совпадне со карактерните особини на личноста. Но, со оглед на горе цитираното. дека медитацијата може да ја смени перцепцијата, Антинори верува дека начинот на кој го гледаме светот може прилично да се смени во сооднос на персоналноста.
– Можно е дека промената на карактерните особини кај човекот може исто да влијае на тоа како тие гледаат на светот, вели таа.
Механичките процеси зад тоа како е формирана персоналнопст – и ефектите кои таа ги има – се уште се непознати. Но, се повеќе докази наведуваат дека нашите карактерни особини влијаат врз нашите доживувања на светот на повеќе начини отколку што можеме да сфатиме.