Летечката палата на саудискиот принц

Од:

Принцот Ал Валед досега е единствениот купувач на еден од персонализираните луксузни авиони, за кој се проценува дека чини 300 милиони фунти

Тој е милијардер кој има се – приватен џамбо-џет, стотици автомобили, јахта што „глумеше“ во филмот за Бонд „Никогаш не вели никогаш“ и прилично голем удел во „Њуз корпорејшен“. Сега на саудискиот принц Ал Валед бин Талал ал-Сауд ќе му биде доставена неговата нова играчка: „ербас А380“

Суперџамбото со кој лета „Емиратс ерлајнс“ има простор за повеќе од 600 патници. Но, принцот ќе извади повеќе од седиштата и ќе инсталира луксузна турска бања, концертна сала и простор за паркинг на својот „ролс ројс“. Завршните дотерувања во амамот ќе вклучуваат мермерни ѕидови, додека просторот за молитва ќе има компјутерски направени простории кои секогаш ќе бидат поставени во насока на Мека. Најголемиот приватен авион во светот (уште се нарекува „летачка палата“), исто така, ќе биде и најлуксузен.

Најбогатиот човек во регионот ќе го добие авионот во новата година, според Хабиб Феких, претседателот на „Ербас“ за Блиски Исток. Принцот Ал Валед досега е единствениот купувач на еден од персонализираните луксузни авиони, за кој се проценува дека чини 300 милиони фунти.

Познат како Ворен Бафет од Блиски Исток поради неговиот успех како инвеститор, принцот образуван на Запад „тежи“ 16 милијарди фунти и не се срами да се фали со своето богатство. Авионот ќе биде подобрување од неговиот „боинг 747“ и „ербас 321“ и двата опремени за сопствени потреби. Неговата јахта „5КР“, првично изградена за саудиски трговец со оружје, исто така, беше најголема во светот во тоа време.

Бидејќи е најголемиот акционер во „Њуз корп“, надвор од семејството Мардок, со седум отсто од акциите, вниманието на јавноста се сврте кон него за време на скандалот со прислушување. Во интервјуто за Би-Би-Си њуснајт од палубата на една од неговите јахти во Кан, кога на принцот – релаксирајќи се со шорцеви и очила за сонце – најави дека Ребека Брукс „мора да замине“, му се припиша заслугата за навестување на крајот на новинската кариера на извршниот директор на „Њуз интернешенел“.

Во едно неодамнешно интервју, принцот рече дека си исплатил плата од само 1 ријал (16 пени) годишно од „Кингдом холдинг-компани“, неговиот саудиски конголмерат со мноштво недвижности и медиумски интереси, што доведе до шеги на социјалните мрежи за тоа како ќе си овозможи користење на тој авион.

„Ербасот“ ќе му биде испорачан на принцот „зелен“ – основната каросерија подготвена за дотерување онака како што ќе посака клиентот – но компанијата која работи на порачаниот дизајн ги обелодени екстравагантните планови за 929.0304 квадратни метри ентериер.

„Дизајн кју“ со седиште во Ворчестершир посочува дека „А380“ „не е најлуксузниот авион што постои, но, исто така, ги рефлектира културните вредности и статусот на сопственикот“. Таа директно не го именуваше принцот, но наведе дека нејзиниот клиент од Блиски Исток планира да вклучи и конференциска сала, четири луксузни апартмани, паркинг-простор во стомакот на авионот и лифт што ќе ги превезува патниците меѓу трите ката. Концертната сала ќе има простор за големо пијано и 10 гледачи, додека, пак, впечатливо бели спирални скалила ќе ги пречекаат патниците во антрето. Портпаролката на „Ербас“ ја потврди испораката, но наведе дека „клиентот побара од нас ништо повеќе да не откриваме“.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ