Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски избори финале на ИТФ фјучрсот во Телави, Грузија што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Македонецот денеска во полуфиналето го победи вториот носител на турнирот Федерико Зебалос од Боливија со 2-0.
И во двата сета Јотовски му препушти на противникот по три гема (6:3 и 6:3).
Противник во мечот за трофејот на македонскиот тенисер ќе биде Гиљерме Оласо од Шпанија.