Кастро го критикува Трамп, отфрла американски „лекции“

Од:

Претседателот на Куба, Раул кастро го осуди остриот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп за односите со Хавана оценувајќи дека тоа е „попречување“ на нормализацијата на врските меѓу двете држави.

Кастро упати критики за делумното уназадување на пристапот што го имаше неговиот претходник Барак Обама спрема Куба.

– Каква било стратегија со цел уништување на револуцијата било преку принуда или притисок, било со суптилни мерки – нема да успее, изјави кубанскиот претседател.

Кастро отфрли американски „лекции“ за човекови права нагласувајќи дека Куба „има со што да се гордее“ за тоа прашање.

Трамп во јуни најави заострување на правилата за Американци кои патуваат на Куба, забрана за соработка со една туристичка фирма со која раководи армијата и потврди трговско ембарго.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД