Лохти се враќа на натпреварите

Од:

Американскиот пливач Рајан Лохти ќе се врати на натпреварите по десетмесечна суспензија поради непримерно однесување на Олимпијадата во Рио Де Жанеиро 2016 година.

Шесткратниот освојувач на златни медали на Олимписките игри ќе учествува на натпреварување во Лос Анџелес на трки на 50 и 100 метри слободен стил и на 200 метри мешано.

Поради суспензијата Лохти го пропушти Светското првенство во Будимпешта. Нековата казна истече на 30 јуни, а му беше изречена по лажната пријава дека заедно со тројца репрезентативни колеги на 15 август 2016 биле ограбени во такси од ограбувачи кои носеле оружје и имале полициски значки.

Бразилската полиција по три дена откри дека пријавата била лажна и дека Лохти и неговите колеги во времето на наводниот грабеж, биле во друг објект во алкохолизирана состојба и кршеле дел од инвентарот, за што подоцна ја платиле штетата.

По враќањето во САД, Лохти изјави дека ја преувеличил целата приказна.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска