Ѓелова-Стојанова: СДСМ за 40 дена ќе ја задолжи државата за 73 милиони евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ секоја втора недела се задолжува преку аукција на државни записи и оти за четириесетина дена Владата ќе ја задолжи државата за 73 милиони евра.

Според Соња Ѓелова Стојанова ова значи дека во просек секој ден државата заклучно со идната аукција ќе ги задолжи граѓаните по еден и пол милиони евра.

– Патем Владата на СДС и министерот Тевдовски упорно молчат за што ги трошат овие пари. Стравувањата кај јавноста за недомаќинско задолжување се оправдани, бидејќи со идната аукција од 13 милиони евра ќе се покријат само 290 илјади евра долгови кои доспеваат, изјави Ѓелова денеска пред Министерството за финансии.

Таа праша дали овие средства од над 12 милиони и 700 илјади евра ќе се користат да се покриваат вработувањата на партиските војници и шарени револуционери во Владата или можеби за, како што рече, набавката на октоподи, морски плодови и цвеќиња за аранжирање.

Оцени дека СДСМ немаат сериозен и одржан концепт на работа и смета дека ова нивно однесување покажува дека „освен што се лицемерни, тие се целосно дезориентирани“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија