Перуански суд издаде налози за апсење на поранешниот претседател на државата Олјанта Умала и неговата сопруга Надин Ередиа поради обвинувања за перење пари и заговор во врска со градежен скандал во кој била вмешана бразилската компанија Одебрехт.
Судската одлука дозволува притвор до 18 месеци, бидејќи обвинителите го увериле судот дека може да побегнат од Перу.
Истиот судија претходно побара апсење на уште еден поранешен претседател Алехандро Толедо по слични обвинувања. Толедо е во САД од каде се бори против депортација за Перу.
Властите ширум Јужна Америка се обидуваат пред суд да изведат официјални лица обвинети дека зеле вкупно околу 800 милиони долари од компанијата Одебрехт. Градежниот гигант призна дека давале мито за договори.