На машкиот дел на Грен слемот Вимлдон синоќа се одиграа последните мечеви од третата рудна по што се формираа двојките за осминафиналето.
Пласман меѓу 16-те најдобри обезбедија и четирите главни фаворити за трофејот: Мареј, Ѓоковиќ, Федерер и Надал.
Двојки за осминафиналната фаза:
Енди Мареј – Беноа Пер,
Сем Квери – Кевин Андерсон,
Новак Ѓоковиќ – Адријан Манарин,
Рафаел Надал – Жил Милер,
Марин Чилиќ – Роберто Баутиста Агут,
Роџер Федерер – Григор Димитров,
Милош Раониќ – Александер Зверев и
Доминик Тим – Томаш Бердих.
Денеска на Вимблдон е слободен ден, а веќе од утре почнуваат осминафиналните мечеи во машка и во женска конкуренција.