Бранителот на трофејот на Грен слемот Вимблдон, Енди Мареј, се пласира во 4.коло откако синоќа го победи Италијанецот Фабио Фоњини со 3-1.
Во меч што траеше два часа и 40 минути, Британецот ги доби првиот третиот и четвртиот сет (6:2, 6:1 и 7:5), додека Фоњини беше подобар само во вториот сет (6:4). Во последниот сет Мареј спаси пет сет топки спречи изедначување на 2:2.
Првиот носител на турнирот во четвртфиналето ќе се сретне со францускиот тенисер Бено Пери.
Покрај Мареј, од фаворитите за трофејот вчера пласман во четврфиналето обезбеди 4. носител и Рафаел Надал.