ВИДЕО: Реконструиран ликот на владетелка почината пред 1700 години

Од:

Научници од Перу успеале да го реконструираат ликот на женска мумија со помош на 3Д печатар.

Станува збор за мумија позната под името „Дамата од Као“, која починала пред 1700 години.

Нејзините сочуани посмртни остатоци се пронајдени во 2006 година во разурната пирамида во близина на Трухиљо.

„Дамата“ била погребана со круна на главата и златни и бакарни предмети, па се претпоставува дека била локална владетелка или свештеничка.

Аутопсијата покажала дека таа била на возраст од над 20 години кога починала, најверојатно за време на породувањето или поради компликации во бременоста.

Нејзините нозе и лице се тетовирани со магични симболи на змија и пајак.

Ова откритие го побива верувањето дека во древниот Перу само мажите имале високи функции.

– Ние имаме привилегија да ја објавиме оваа чудна комбинација на иднината и минатото. Технолијата ни овозможи да го видиме лицето на политички или верски лидер, изјави перуанскиот министер за култура, Салвадор дел Солар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните