Французинката Каролине Гарсија и Белорусинката Викторија Азеренка се пласираа во осминафиналето на Грен слем турнирот на Вимблдон.
Во петтиот ден од турнирот, Гарсија ја победи Американката Медисон Бренџл со 2-0, а Азаренка со резултат од 2-1 во сетови беше подобра од Британката Хетер Вотсон.
Кај мажите, во осминафиналето досега се пласираа Жил Милер од Луксембург кој го победи Британецот Аљаз Бедене со 3-0 во сетови, и Роберто Баутиста Агут од Шпанија, кој го елиминира деветиот носител Кеи Нишикори од Јапонија со 3-1 во сетови.
Минатогодишниот победник на Вимблдон, Енди Мареј попладнево ќе игра против Италијанецот Фабио Фоњини.