Шефот на катарската дипломатија, Мохамед бин Абдулрахман ал Тани повика од Лондон кризата во Перисискиот Залив да биде решена преку дијалог, а не преку блокади.
– Катар продолжува да повикува на дијалог, изјави министерот во обраќањето пред британскиот институт „Четам хаус“.
Тој истакна дека Катар е подготвен да учествува во преговори со јасна рамка, која ќе го гарантира неговиот суверенитет.
Ал Тани додаде дека дејствијата на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и Обединетите Арапски Емирати, кои тој ги означи како опсада, претстававуваат „очигледна агресија и навреда“