Повеќе од 330 припадници на полициските сили од Германија, Италија, Шпанија и Европол извршија изутрината 35 претреси во куќи и упасија 30 членови на група, која се занимава со организирал криминал, а која е вмешана во меѓународен шверц на дрога и перење пари, соопшти денеска Европол.
Истрагите се се уште во тек, а во блиска иднина се очекуваат и нови апсења, се додава во соопштението.
Истовремено иследниците идентификуваа и запленија средства вредни пет милиони евра во Германија, Италија, Португалија, Шпанија и Велика Британија, што е резултат на сложена меѓународна истрага, предводена од Германија, Италија и Шпанија, со поддршка на Европол.
Таа истрага беше фокусирана на организирана криминална група, која е активна во повеќе европски земји, а истрагата ја поддржа и Европската служба за правосудна соработка (Евроџаст).