Јасна Николова – најдобар стрип дебитант на балканскиот фестивал во Лесковац

Од:

Младата Јасна Николова од Скопје доби признание за најдобар дебитант на 19. Балканска смотра на млади стрип автори која изминатиот викенд се одржа во Лесковац, Србија, во конкуренција на 2761 учесник од 54 земји.

Со признанието за Николова продолжува традицијата на доделување награди на автори од Македонија што е потврда за нивниот квалитет.

Во 2016 година наградата за најдобар млад илустратор на овој најстар балкански стрип-фестивал ја освои Тања Вукобрат од Скопје, а во 2015 година за најдобар стрип сценарист на оваа манифестација беше прогласен Александар Стеванов од Штип.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он